Воденски: Радев им објасни на европските лидери зошто Бугарија нема да направи отстапки од својот национален интерес

Петар Воденски е дипломат. Бил генерален конзул во Истанбул (1990) и амбасадор во Анкара (1991-1992), Кишињев (1995-2001) и Никозија (2005-2009). Двапати бил шеф на Кабинетот на министерот за надворешни работи (во времето на Станислав Даскалов и на Соломон Паси). Член на Стратешкиот совет на претседателот и на Иницијативниот комитет кој ги предложи претседателот Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова за втор мандат.

Амбасадоре Воденски, со месеци бугарското вето за почеток на преговорите на Скопје со Европската унија е жешка политичка тема. Досега, претседателот Румен Радев се спротивстави на притисокот од големите сили за укинување на ветото на Бугарија. Дали бугарската позиција во спорот сега стана попопуларна меѓу партнерите? Дали почнаа да сфаќаат што сакаме?

По именувањето на преодната влада во законските рамки предвидени со Уставот, истата почна да работи на „скопското прашање“. Беше договорено да се следат два патеки – од една страна, да се работи со партнерите за да се разјаснат нашите резерви во однос на РС Македонија, заради неспроведувањето на Договорот од 2017 година и зошто не можеме да се согласиме Скопје да ги започне пристапните преговори, пред исполнувањето критериумите на ЕУ од Копенхаген. Паралелно, почнавме да преговараме за овие прашања директно со Скопје, убедувајќи ги нашите европски партнери дека не ни требаат посредници.

За жал, во текот на овие неколку месеци активна работа на владата на премиерот Јанев, нашите стравови дека властите во Скопје едноставно имитираат билатерални активности и се потпираат на ЕК, ЕУ и САД да вршат зголемен притисок врз Бугарија, за таа да попушти, беа оправдани. Општо кажано, нашите партнери велат дека Бугарија била причината за забавувањето на евроинтеграциите на Западен Балкан, како да не забележуваат дека Косово и Босна и Херцеговина се исто така на Западен Балкан, а Косово се уште не е признаено од пет земјите-членки.ЕУ, која очигледно ја кочи интеграцијата, а да не зборуваме за Босна и Херцеговина. Очигледно, некои земји од ЕУ, кои од свои причини се против интеграцијата на Западен Балкан, се кријат позади Бугарија и се обидуваат да ни вршат притисок.

Тоа најмногу се виде на средбата во Словенија на која присуствуваше и претседателот Радев. Таму, фигуративно кажано, европските лидери беа прилично изненадени што „овој бугарски генерал“ не се преправаше дека е „поранешниот бугарски генерал“, и наместо да ги прегрне пред камерите и да ги извршува нивните наредби, тој на одличен англиски јазик, разбирливо и достоинствено им објасни зошто Бугарија нема да престане да го брани својот национален интерес.

Како ги оценувате идеите на конкурентите на Радев на оваа тема? Надворешнополитичката тема како да се изгуби, во кампањата доминираат темите за корупцијата, патиштата, пандемијата, зелениот сертификат.

Голем е бројот на кандидатите за претседател и потпретседател. Меѓу нив, постојат различни ставови во однос на прашањето за PC Mакедонија. Некои ги бранат позициите против притисокот врз нас и за заштита на нашите национални интереси, други се со спротивно мислење. А има и такви, поддржани од големи партии, кои или не заземаат став за „скопското прашање“ или едноставно немаат став. За жал, за некои кандидати „проблемот РС Македонија“ е едноставно непознат и се обидуваат да го заобиколат во разговори со новинарите. Но, во право сте дека темата за надворешната политика не е широко опфатена во предизборната кампања.

Зошто се најдовме во изолација во спорот со РС Македонија? Дали скопската дипломатија беше поактивна во последните 12 години од бугарската?

Последниве 12 години, додека дипломатијата на Скопје работеше активно и професионално, на бугарската професионална дипломатија не само што не ѝ беше наредено да работи на нашите проблеми со Скопје, туку на моменти дури и беше забрането. Сега имаме многу за доработување. За овие неколку месеци преодна влада, постигнати се голем број резултати, Скопје сфати дека Бугарија го „презема прашањето“ на поинаков начин и веќе преговара институционално, а не – како досега – поединечно (премиер до премиер), но нашата недовршена работа бара многу голем ангажман. Се почувствував горд, кога видов, колку многу работа имаат завршено овие месеци колегите во МНР и во нашите дипломатски претставништва и како го примиле проблемот при срце, немам коментар за политичките назначувања.

На Самитот ЕУ-Западен Балкан (5 и 6 октомври) претседателот Румен Радев ја претстави позицијата 5 плус 1 за дијалог со РС Македонија. Кои се нејзините акценти?

Позицијата 5 + 1 беше формата што Софија ја избра како начин да ги реши нерешените прашања со Скопје, меѓу кои се неспроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година; недискриминација на граѓаните кои јавно ја истакнуваат својата бугарска припадност; говорот на омраза; манипулации и фалсификати во однос на историјата; РС Македонија да се откаже од територијалните претензии, да ги отвори архивите на југословенските тајни служби и да се открие како одредени луѓе биле прогонувани и убивани затоа што се самоидентификувале како Бугари (односно, РС Македонија конечно да раскине со Титовиот македонизам и комунистички рефлекси) итн.
Скопје пред еден месец се повлече од продолжување на разговорите во овој формат, потпирајќи се на тоа Бугарија да направи отстапки од својот национален интерес, под надворешен притисок. Очигледно не можеме да продолжиме со формулата 5 + 1, бидејќи Скопје не сака, мора да бараме нова форма. Сега имаме нова ситуација – Бугарите во РСМ се охрабрија отворено да ги стават своите барања до властите, за нивно влегување во Уставот, за пристап до администрацијата итн. Бугарија не може да не ги поддржи барањата на тамошните Бугари, тоа се барања кои се во склоп со копенхашките критериуми на ЕУ, а мора да се земе предвид фактот дека меѓу луѓето со бугарски идентитет има околу 120.000 македонски граѓани со бугарски пасоши издадени од бугарските власти, врз основа на доставени документи за бугарско потекло т.е тоа се граѓани на ЕУ и тие самите сакаат Скопје да ги почитува критериумите од Копенхаген. Скопје треба да го разбере ова, а треба да го разберат и нашите партнери од ЕУ и САД. Без да се направи тоа, без да се спроведат овие барања на Бугарите во РС Македонија, ризикуваме, кога Скопје ќе стане дел од ЕУ, без да ги отстраниме овие недостатоци, да покаже реални територијални претензии кон Бугарија.

Како очекувате да се развиваат односите Софија-Скопје по оставката на Зоран Заев? Ќе има ли пораст на антибугарската реторика?

Очекувам во Скопје да се појави зацврстување во однос на Бугарија и од владејачката партија и од опозицијата. Се уште не е јасно како ќе се развиваат работите во внатрешната политика, каква ќе биде конфигурацијата на идната влада и кој ќе биде премиер. Но, односот таму кон Бугарија е многу крут, да не речам лош. Во предизборната кампања се виде дека најголемата навреда што си ја упатуваат таму е дека некој во РС Македонија е Бугарин! И потоа ни објаснуваат како немало говор на омраза во РС Македонија, а нашите партнери од ЕК, ЕУ и САД се прават дека не го забележуваат таквиот говор. Замислете како им е на луѓето со бугарска самосвест таму – што им е да им кога ќе кажат на своите соседи во маало или на тие што ги пребројале на последниот попис дека се Бугари… Сега дури и не обвинуваат дека не корупцијата и непотизмот во РС Македонија, а Бугарија била виновна за падот на Заев! И ова е земја која сака да влезе во ЕУ и тврди дека ги исполнува критериумите за човекови права на ЕУ!

Бугарскиот став се чини е консензуален во однос на ПКМ, но дали се уште се можни изненадувања со редовна влада?

Зависи која партија/партии ќе ја формираат владата во Бугарија. Но мислам дека нема бугарски политичар кој би го издал бугарскиот интерес во однос на Скопје, а потоа да остане на власт – добро, освен ако, се разбира, не води надворешна политика (имаме такви политичари, па и цели партии) или пак има некаков друг материјален интерес, што му е поважен од бугарскиот национален интерес.

Дали сте оптимист за проширувањето на Европската унија или пандемијата и енергетската криза, што ја зафатија целата ЕУ, го турнаа процесот во втор план?

Бугарија е цврсто за членство на РС Македонија во ЕУ. За жал, не очекувам нашиот сосед да добие зелено светло на претстојниот Совет на ЕУ во декември, а Скопје има уште многу да помине за да ги исполни критериумите што сите земји кандидати ги исполнија пред да ги започнат преговорите. Ова најверојатно ќе биде бугарската позиција по декември, за време на следните претседателства со Унијата.

Дали промената во Берлин ќе има одек и кај нас?

Има една изрека дека „новата метла мете на нов начин“. Промени неминовно ќе има, но, на крајот, работите зависат и од нашите политичари и дипломатијата. Конкретно за ставот на Сојузна Република Германија за РС Македонија – во Берлин, како и во сите други престолнини, имаме многу работа за да можеме да им објасниме зошто нашиот став е таков, а не друг.

Дали нашите сонародници во странство ќе бидат повторно активни за време на изборите?

Логистичката подготовка за избори за бугарските граѓани во странство чини многу напор за луѓето во Министерството за надворешни работи и за волонтерите во различните земји. Во секоја земја е различно, но има премногу работа – зборувам како човек кој учествувал во организирањето на гласањето во странство, дури и на некои избори бев шеф на изборниот штаб во МНР. А од политички аспект би рекол дека во повеќето земји локалните власти не се мешаат во изборите, но има и такви што назначиле свои „емисари“ за бугарските избори, и тие ги агитираат бугарските граѓани да гласаат за „еден кандидат“ и против „друг кандидат за претседател“ и исто така за „одредена партија“. Ајде да видиме дали читателите ќе се сетат на кого мислам.

Ќе има ли конечно влада од третиот обид? Каква е вашата прогноза, дали и колку претседателските избори ќе влијаат на (не)успехот на разговорите во владата?

Сите очекуваме пратениците во Народното собрание да успеат во цивилизиран договор меѓу партиите да формираат редовна влада, а не да се потпираат на привремените министри. Проблемите со кои се соочува Бугарија не се безначајни – и во економијата и во борбата против корупцијата итн., некој треба да ги „исчисти авгиските штали“, а тоа оди преку Народното собрание и законски усвоените реформи (првенствено тие во судството, но не само).

Целото интервју на дипломатот од кариерата Петар Воденски прочитајте го овде.

Извор: Трибуна