Шефот на кабинет на Жељу Желев: Признавањето на Македонија за д-р Жељу Желев беше историски долг

/

Ивајло Трифонов е прв шеф на кабинет на првиот бугарски демократски избран претседател д-р Жељу Желев во периодот (1990-1994). Во 1994 е дел од службената влада на Ренета Инџова. Во периодот 1997-2001 е амбасадор на Р. Бугарија во СР Југославија.

Брзото признавање на Македонија во 1992 година се случи за да се блокираат намерите на Белград.

Во меѓународната практика се признаваат држави а не нации.

Спорот за јазикот се роди за време на посетата на Киро Глигоров во Бугарија- документите се потпишуваа на уставните јазици на двете земји.

Смешни се обидите на Скопје да ни ја наметне глупоста дека ја негираме нивната самоопределба.

24 Часа: Скопје објави дека посмртно ќе го награди претседателот д-р Жељу Желев (1991-1997) со плакета за благодарност заради неговиот придонес во признавањето на независноста на Р. Македонија, на почетокот на 1992 година. Годинава се навршуваат 30 години од самопрогласувањето на поранешната југословенска Република за суверена и самостојна држава по референдумот од 1991 година. Бугарија прва ја призна независноста на Македонија. Како ја оценувате таа награда, како голема, мала или средна?

Ивајло Трифонов: Не сакам да ги определувам наградите како големи, мали и средни. Плакетата е едно признание за извонредно навремениот потег на д-р Желев, нашиот прв претседател избран директно од народот. Тоа е првиот негов потег како демонстрација на новата надворешна политика на Бугарија на Балканот.

24 Часа: Зошто Бугарија брзаше прва да ја признае Македонија?

Ивајло Трифонов: За да се стави крај на сите шпекулации од нашите подобри или полоши соседи дека ние имаме некакви територијални претензии или што и да било друго во однос на Македонија или кон други соседни држави. Брзото признавање на Р. Македонија имаше за цел што побрзо да се блокираат историските намери на Белград во однос на Македонија. Тогашните македонски лидери на чело со Киро Глигоров многу добро го разбираа тоа. Благодарение на Глигоров Македонија се спаси од касапааните во кои учествуваа нивните соседи од север. Имаше и историски момент. Ние сме крвно поврзани со Македонија и Македонците. Независно од сегашните глупости кои ги вршат нивните водачи. Признавањето на Македонија беше знак и кон нашите сонародници во Македонија. Десетици илјади луѓе беа убиени затоа што се определиле како Бугари. За тоа треба отворено да се зборува и да се пишува. Зад сето тоа стои Белград и српската тајна служба УДБА. Можам да кажам со целосна одговорност дека темните активности и намери на српската УДБА се живи и здрави и во денешна Северна Македонија. Денеска ги гледаме резултатите од нивните активности. Десет годишното владеење на Никола Груевски ги блокираше сите разумни и перспективни контакти со нивниот најдобар сосед Бугарија.

24 Часа: Можете ли да ни кажете како точно се случи признавањето? Помниме дека имаше некакви расправии меѓу претседателот Желев , премиерот Филип Димитров и министерот за надворешни работи Стојан Ганев.

Ивајло Трифонов: Д-р Желев беше категоричен дека владата на Филип Димитров што поскоро треба да донесе одлука , затоа што владата признава или не признава држави. Во меѓународната пракса се признаваат држави а не нации и јазици. Смешни се обидите да ни се наметнат разните глупости од Скопје дека ние го негираме нивниот јазик и идентитет. Тие сами се определиле во 1945 година под влијание на Москва и Коминтерна. Тогаш се донесло решение дека има македонски јазик, дека има добруџанска нација, тракиска нација…

24 Часа: И шопска нација…

Ивајло Трифонов: Да. Такви глупости ни се наметнуваа. Идиотизмот и историскиот криминал на Георги Димитров и Комунистичката партија да ги тепаат луѓето и да ги затвораат во затвори и да ги убиваат за да ги натераат да се попишат како Македонци во 1946 година?! Тоа е престап што не треба да се заборава. Токму затоа д-р Желев сметаше дека ние сме должни во името на нашата бугарска историја во Македонија за којашто отворено треба да се говори, тоа не е заедничка историја. Тоа е бугарска историја. И никакви шпекулации во тој однос не треба да бидат допуштени, бидејќи во Договорот што го потпишавме се зборува за заедничка историја. Каква е таа заедничка историја? Луѓето ли се заеднички? Луѓето се едни и исти. Бај Петар Дертлиев велеше дека една третина од луѓето во Бугарија се наследници на луѓе од Македонија, Егејска и Вардарска. Тие работи не треба да се забораваат.

24 Часа: Што се случи во денот на признавањето на Македонија?

Ивајло Трифонов: Д-р Желев му се јави на Филип Димитров и му рече што поскоро владата да донесе одлука за признавање на Македонија и на другите земји од поранешна Југославија. Филип му кажал дека ќе го направат тоа на Седницата на кабинетот. Брзајте бидејќи ќе не претекнат-рече претседателот. А седницата на владата се бавела и д-р Желев неколку пати зборувал со Филип Димитров. Министерот за надворешни работи Стојан Ганев се јавил на својот заменик Стефан Тафров и му кажал дека во Германија каде што бил на посета во ова време му кажале да не брза. Желев избувнал и рекол „Стојан Ганев ли ќе го слушаме сега? Со какви луѓе зборувал тој и кои се тие што му рекле да чекаме? Нашата историска мисија, нашиот долг е да брзаме.“

Целото интервју на Ивајло Трифунов шефот на кабинет на првиот претседател на Бугарија, Жељу Желев, прочитајте го на следниот линк.

Извор: Трибуна