Девојка од Ресен го избркала дечкото од кафич- ја срамел бидејќи не носел кошула

/

Во Ресен повторно скандал! 25 годишна девојка седела со друштвото на нејзиниот дечко во кафич во центарот на градот и го чекале нејзиниот љубен да им се придружи. Но кога пристигнал дечкото таа толку се вознемирила што го фатила за јаката и буквално го истерала од кафичот! Причината за ваква немила случка била тоа што нејзиниот дечко бил облечен во тренерки и патики а не како што доликува на секој младич во Ресен со кошулче и костим.

За нашата хумористична рубрика „Зошто пак да не?!“ девојката изјавува дека и после неколку часа таа не може да се смири од неговото недолично однесување и дека си ги бара назад сите цветни кошули кои му ги подарила на дечкото. Исто така за овој невиден срам освен што му раскинува си ги бара назад сите гелови за коса што му ги подарила, златни ланци и мобилни телефони.

За да биде фер ние го контактиравме и нејзиниот дечко и за нашата хумористична рубрика и тој изјави дека во кафичот не влегол за да седи со друштвото, туку само да и каже на девојка му дека си доаѓа од нивата со јаболка, и дека отишол да го земе клучот од неговата кола кој бил кај девојката, за да си појде дома да се спреми во костумче. Оштетениот уште изјавува дека и покрај се тој неа сѐ уште ја сака и за да и го докаже тоа ќе насади 3 декари јаболка ова лето во нејзина чест.

Рубриката „Зошто пак да не?!“ е со измислена хумористична содржина и има за цел да ги насмее читателите. Сличноста со реални ликови е случајна.