Двејн Џонсон нема да користи вистинско оружје во своите филмови

Актерот Двејн Џонсон вети дека ќе престане да користи вистинско оружје во своите филмови.

Изјвата на Д Рок доаѓа по трагичниот инцидент на филмот на Алек Болдвин што заврши фатално за снимателката Халина Хачинс.

Во интервју за „Вараети“ на премиерата на акционата комедија „Црвено известување“ во Лос Анџелес, Двејн најави дека повеќе нема да се користат вистински пиштоли  за проекти од неговата компанија „Севн бакс продакшнс“.

„Не можам да зборувам во име на никој друг, но можам да ви кажам дека секој филм што го развиваме во Seven Bucks Productions – кој било филм, која била телевизиска серија или што и да правиме или продуцираме – воопшто нема да користиме вистинско оружје,“ рече тој.

49-годишната ѕвезда продолжи: „Ќе се префрлиме на гумени пиштоли и ќе се погрижиме за тоа во објавата. Нема да се грижиме за доларите, нема да е вжно колку ќе чини тоа“.

Двејн објасни дека останал со скршено срце по трагедијата минатиот месец кога Болдвин случајно ја застрела Халина Хачинс на снимање вестерн во Ново Мексико.

Текстот Двејн Џонсон нема да користи вистинско оружје во своите филмови е превземен од МАКФАКС.