Џон Бон Џови позитивен на коронавирус, го откажа настапот во Мајами Бич

Џон Бон Џови беше принуден да се повлече од планираниот настап во Мајами Бич само неколку часа пред да излезе на сцената по добивањето на резултатот од тестот за коронавирус, иако, за среќа, тој не покажува многу симптоми.

Портпаролот на фронтменот на бендот „Бон Џови“ потврди: „Џон беше претходно вакциниран и се чувствува добро“.

Според 7News, публиката веќе била примена на „Лоес саут бич“ за настанот Runaway with JBJ , кој требаше да има акустичен настап, фото-оп со пејачот, како и забава во костими за добредојде на Ноќта на вештерките, пред да биде соопштено дека Џон нема да може да настапи.

Текстот Џон Бон Џови позитивен на коронавирус, го откажа настапот во Мајами Бич е превземен од МАКФАКС.