Го фатив сопругот на мојата пријателка како ја изневерува, како да постапам?

Секој ден си пијам кафе со една комшивка. Можеби во денешно време тоа не е и толку вообичаено но ете ние две добро се сложуваме и некако муабетот добро ни оди. Иако можеби сѐ уште нашиот однос не дошол до најблиска другарка, сепак можам да кажам дека сме одлични пријателки.

Ова морав да го објаснам за да го напишам проблемот што ми се појави, кој и те како не ми дава никаков мир и ме гризе совеста.

Еден ден се вратив порано од работа. И бидејќи мојот сопруг беше на работа а децата на училиште си помислив да ја посетам мојата комшивка на едно кафе. Штотуку сакав да излезам од куќата забележав една непозната жена како излегува од нивната куќа. Се вратив дома со помислата дека веќе имала гости и да ја оставам да се одмори. Но за кратко време ми стигна порака на Вајбер од неа: „Комши извини што ти додевам, дали ќе можеш да му дадеш храна на кучето, сопругот не е стигнат од пат (шофер на камион) а јас морам да останам малку повеќе да останам на работа да ја заменам колешката еден, два часа.“

Ја читам пораката и навистина не ни помислив дека нешто не е како што треба. Отидов во нејзиниот двор, си поиграв со кучето, му дадов храна и си заминав дома. Додека бев во нивниот двор воопшто никој не се појави или излезе надвор да ме поздрави.

Следниот ден имав слободен ден од работа, и за некое чудо ја видов истата жена како влегува во куќата. Ми стана некако чудо. Жената како да се криеше. Не знам зошто добив такво чувство но некако почна да ме јаде љубопитноста па решив да појдам кај комшивката. Не ѕвонев на ѕвончето. Вратата беше заклучена. Ѕирнав низ прозорот и…. Нејзиниот сопруг беше таму како од мајка роден! Претпоставувате што правеше непознатата жена таму веќе… Ме фати паника да не ме видат. Се исплашив, но сепак го зедов телефонот и ги сликав и снимав. Избегав веднаш дома.

Јас бев во шок! Што да правам сега?! И се јавив на телефон, со наводна причина да пиеме кафе. Ми кажа дека е на работа уште 4 часа и дека ќе ме бара.

Веќе се ми беше јасно, но не ми беше јасно што да правам понтаму. Му кажав на мојот сопруг, и за мое непријатно изненадување тој не само што не покажа никаква реакција ниту емоција, строго ми забрани да кажам што сум видела!

Откако се врати од работа мојата пријателка ме викна да си поседиме на кафе. Иако изморена физички таа беше препозитивно расположена, насмеана… Јас седев на трње. Се обвинував себеси како таа жена можам да ја гледам во очите. Да биде болката уште поголема, нејзиниот сопруг влезе да се поздрави и почна да и се лигави во смисла како и бил денот, дека му недостигала и дека не можел без неа! Голем гнев ми се појави но некако се воздржав.

Помина уште една недела а јас веќе почнав да ја избегавам мојата комшивка, бидејќи не можам да ја гледам во очите. Јас навистина не знам како да постапам! Да кажам или да го чувам тоа во себе? Ако кажам ќе им го расипам семејството и повторно ќе ме гризе совест, ако не кажам пак ќе ме гризе! Што мислите вие , како треба да постапам?

Автор: Плетенка