Ким Кардашијан со 20 милиони долари го реши Канје

Ким Карадшијан се согласи да му плати на отуѓениот сопруг Канје Вест 20 милиони долари за нивниот имот во Хидн Хилс, додека продолжуваат со разводот.

44-годишниот рапер пред две недели официјално ги предал своите права на имотот, според „ТМЗ“ , со што неговата поранешна (40) е единствен сопственик на пространата хациенда што ја купија заедно пред седум години.

Ким живее таму со нивните четири деца Норт, Сент, Чикаго и Псалм, откако поднесе барање за развод во февруари.

Според судски документи до кои дојде „ТМЗ“, таа сега е единствениот сопственик на имотот во Хидн Хилс што го делеше со сопругот седум години.

Порталот цитира инсајдер дека преговорите меѓу нив биле исклучително срдечни и таа му платила на Канје во готово за да го олесни процесот.

Двојката ја купи вилата во 2014 година за 20 милиони долари и Канје направи целосен редизајн со помош на славниот белгиски декоратор за интериери Аксел Верворт.

„Кога видов како работи и што сè прави, си помислив: Овој човек може да ја дизајнира куќата на Бетмен. Морав да работам со него “, рече Канје во интервју во тоа време.

Канје и Ким, наводно, потрошиле 20 милиони долари за реновирање.

Текстот Ким Кардашијан со 20 милиони долари го реши Канје е превземен од МАКФАКС.