Коj напиток го зголемува оргазмот?

Експертот тврди дека овој трик навистина делува… На социјалните мрежи во последно време има сè повеќе жени кои што тврдат дека кафето им помага да доживеат појак оргазам.

Тие велат дека доволно е да испиете една шолја еспресо (или пак било кое друго кафе) пред да се впуштите во „акција“ и дека оргазмот гарантирано ќе биде многу поинтензивен.

Една од теориите е дека поради кофеинот се зголемува протокот на крвта во интимната зона.

Тоа значи дека крвните садови се поотворени и дека крвта побрзо протекува секаде. Постојат некои студии кога станува збор за поврзаноста на мажите и кафето кои што покажуваат дека кафето може да помогне кај еректилната дисфункција.

Истражувањата кои што се спроведени во 2018 година на лабораториски глувци покажале дека внесувањето на кофеинот го подигнува либидото кај женkите, но не постојат истражувања дали на истиот начин делува и кај луѓето.

Во секој случај, не е лошо да се обидете поради тоа што нема да имате некои нуспојави.

Извор: misli.mk