На Црвениот плоштад симулирале орален секс- „заработиле“ 10 месеци во затвор!

Судот во Москва осуди блогер по потекло од Таџикистан и неговата девојка Русинка, на десет месеци затвор, бидејќи симулирале орален секс пред храмот на Св. Василиј Блажениот на Црвениот плоштад во центарот на главниот град!

Минатиот месец Руслан Бобијев и неговата девојка Асија Акимова на социјалните мрежи објавија фотографија на која таа клечи пред него преправајќи се дека има орален секс додека носи полициска јакна.

Двојката набрзо беше уапсена под обвинение за навреда на верските убедувања на верниците.

Судот ги осуди на десет месеци затвор, како што бараше обвинителот. Тие се првите кои по овој закон завршија зад решетки, за што претходно беа изрекувани условни казни.

На почетокот на месецов, како што пренесува порталот Раша тудеј, порно актерката Зечица Лола позирала пред истата црква покажувајќи ги голите гради. Против неа беше поднесено и обвинение, иако подоцна таа јавно се извини.