ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА МАЖИТЕ КОИ САКААТ ПИВО! Еве како влијае на потенцијата!

Можеби сте слушнале различни приказни за тоа како консумирањето алкохол влијае на потенцијата , но сега едно истражување открило резултат кој ќе израдува многу мажи!

Умереното консумирање пијалоци може да го намали ризикот од еректилна дисфункција! Оваа студија анализирала податоци од повеќе од 210.000 мажи и ефектот од консумирањето алкохол во умерени или прекумерни количини, а во другата крајност – имало и мажи кои воопшто не пиеле.

Оние кои пиеле умерено имале 18 отсто помал ризик од импотенција од оние кои воопшто не пиеле!

„Покажавме дека умереното, разумно консумирање алкохол ги намалува шансите за импотенција и еректилна дисфункција“, вели авторот на студијата Шен Ли од Универзитетот Анхуи.

Што е умерена потрошувачка? Авторите на студијата го дефинираа како не повеќе од шест пива или шест чаши вино неделно. Ако пиете повеќе од тоа, знајте дека не сте умерен „потрошувач“, но можно е да пиете премногу алкохол.

А како алкохолот влијае на ерекцијата? Се верува дека го зголемува нивото на азотни оксиди кои ги прошируваат крвните садови и ја подобруваат циркулацијата, што е еден од клучните фактори за формирање на ерекција.