Помошникот режисер кој на Болдвин му го даде пиштолот го прекина молкот

Асистентот на режиja кој му даде пиштол со боева муниција на Алек Болдвин ги даде своите први коментари за пукањето на сет во кој настрада снимателката Халина Хачинс.

Дејв Холс, во изјава за „Њујорк пост“ во понеделникот, не се осврна на деталите на инцидентот, но рече дека е шокиран и тажен поради смртта на Хачинс.

На 21 октомври, Болдвин вежбал сцена за филмот кога испукал оружје за кое му било кажано дека не е наполнето. Проектилот ја погоди и ја уби снимателката.

Според судските документи, Холс му рекол на Болдвин дека пиштолот е „ладен“, односно безбеден, кога тој му го дал на пробата на нискобуџетниот вестерн.

Холс им кажал на истражителите на канцеларијата на шерифот на Санта Фе дека не го проверил темелно пиштолот пред да му го даде на Болдвин.

Властите во Санта Фе го истражуваат инцидентот со цел да откријат како и зошто пиштол-реквизит бил наполнет со жив куршум, и не ја отфрлаат можноста за кривична пријава.

„Халина Хачинс не беше само една од најталентираните луѓе со кои сум работел, туку и пријателка“, изјави Холс за весникот.

„Шокиран сум и тажен поради нејзината смрт“, додаде тој. „Се надевам дека оваа трагедија ќе ја поттикне индустријата да ги преиспита своите вредности и практики за да се осигура дека никој повеќе нема да биде повреден во текот на креативниот процес.“

Текстот Помошникот режисер кој на Болдвин му го даде пиштолот го прекина молкот е превземен од МАКФАКС.