Премиера на „Мајсторот за спомени“ – нова претстава на Јане Спасиќ

На 8 ноември, со почеток од 20 часот во МКЦ ќе биде премиерно одиграна претставата „Мајсторот за спомени“, авторска претстава на Јане Спасиќ, во продукција на независното театарско здружение Артопија.

Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

Актери: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска, Анастасија Аневска.

Сценограф: Мартин Манев

Костимограф: Бранкица Јордановска

Дизајнер на светло: Владимир Димоски

Композитор: Дарија Андовска

Дизајнер: Матеја Николиќ

Маркетинг: Мартина Петреска

Продуцент: Филип Николовски

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Премиерата на претставата ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организација на настани во затворен простор.

Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Текстот Премиера на „Мајсторот за спомени“ – нова претстава на Јане Спасиќ е превземен од МАКФАКС.