Сара Џесика Паркер одговори на критички коментари за нејзината возраст: Дали треба да престанам да стареам?

Сар Џесика Паркер го прозва лицемерието на мизогинските коментари, како што ги нарече, насочени кон неа и другите актери пред стартот на новата сезона на „Сексот и градот“.

Таа е на корицата на американски „Вог“ за декември, а во интерву за насловната сторија актерката одговори на коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

Ваквите коментари воглавно се однесуваа на возраста и изгледот на главните протагонистки Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

„Имаше толку многу мизогински коментари на сметка на нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени до ниту еден маж. Не знам што да ви кажам, луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса… Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен, а тој има глава полна со седа коса и никој не прашува зошто“, вели актерката.

„Се чини дека не сакаат да ни биде добро, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам, и тоа е тоа, немам друг избор. Што треба да направам ? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“, прашува таа.

Текстот Сара Џесика Паркер одговори на критички коментари за нејзината возраст: Дали треба да престанам да стареам? е превземен од МАКФАКС.