Се држат за рака, но Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон наводно, се само добри пријатели

Фановите се убедени дека Ким Кардашијан „се смувала“ со поранешното момче на Аријана Гранде.

Реалити-ѕвездата (41) и комичарот Пит Дејвидсон (27) беа фотографирани како се држат за раце додека се возат на тобоганот на Knott’s Scary Farm во паркот Буена, Калифорнија. На Ким и Пит им се придружија сестра ѝ Кортни и нејзиниот вереник Тревис Бејкер.

За многу фанови ова беше доволна причина да почнат да шпекулираат дека ова е почеток на нова љубовна врска.

Но, според извор близок до Ким, тие се само добри пријатели и таа не се обидува ништо да сокрие.

Ким и Пит неодамна се бакнаа на скеч во саботното вечерно шоу „Сатрдеј најт лајф“ на Ен-би-си. Тие двајца беа на роденденската забава на Кид Куди во јануари 2019 година. Тогаш беше присутен и Канје Вест, од кого Ким моментално се разведува.

Текстот Се држат за рака, но Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон наводно, се само добри пријатели е превземен од МАКФАКС.