(Видео) Лиде-Лиде за некои Лиде на Венко со нова песна за шефот-секоја сличност е намерна!

Лиде на Венко повторно пријатно изненади со своја нова песна. Текстот го пишувала сама а инспирација и било едно од многуте нејзини работни места и раководители.

„Имаше премногу да се напише,од мобинг до секаков вид малтретирање. Меѓутоа една песна толку дозволува. Песната е снименa во студиото на Стевче Јаневски. Текстот се базира на вистинити настани, секоја сличност е намерна. Воедно ќе се препознаат многу шефови со такво однесување. Бидете природни со свои мислења и ставови и не се упикувајте на никој. Благодарност до сите што ме поддржувате да не паднам… а другите не знаат поинаку…“, пишува Лиде.