(Видео) „Нетфликс“ отстрани епизоди од шпионска драма по реакцијата на Филипините

„Нетфликс инк“ отстрани две епизоди од шпионската серија-драма Pine Gap од својата стриминг-услуга на Филипините, откако оваа земја од југоисточна Азија остро реагираше на сцените што вклучуваат мапа што ја користи Кина за да ги потврди своите права на Јужното кинеско море.

Филипините во понеделникот побараа од „Нетфликс“ да отстрани одредени епизоди од австралиската серија од шест дела, наведувајќи дека мапата прикажана во серијата е повреда на нејзиниот суверенитет.

Втората и третата епизода од серијата веќе не беа достапни на Филипините доцна во понеделникот, при што „Нетфликс“ објави на својата платформа дека тие епизоди се „отстранети по барање на владата“.

Текстот (Видео) „Нетфликс“ отстрани епизоди од шпионска драма по реакцијата на Филипините е превземен од МАКФАКС.