(Видео)Познат јутјубер покажа на што го потсетуваат државите во Европа: Албанија на кондом, Италија на чизма, а како помина Македонија?

Јутјуберот Закабер објави видео на својот канал во кое илустрираше на што го потсетуваат европските држави. Во видеото на Јутјуб тој ги наведе сите земји на ЕУ, дури и оние што не се членки.

Убавото видео, започна со прашањето, дали гледате што гледам јас во Европа? Во видеото, тој ги праша луѓето дали некогаш легнале на тревата, гледајќи во правец на небото и замислувајќи на што точно го потсетува облакот.

Неверојатно е како облиците на облаците не потсетуваат на нешто или на животно, исто е и со границите направени од државите, рече тој во видеото.

Потоа одлучи да покаже на што сето тоа го потсетува, обликот на границите на државите во Европа.

Првата земја со која започна беше Албанија, која за чудо го потсетува на кондом, Австрија ја поврзува со дебел полжав.

За Македонија се зборува на 9-та минута од видеото и ние не поминавме така лошо, не нарекува Македонија и го потсетуваме на карфиол.