Знаци кои покажуваат дека тој ве сака

/

Не е тајна дека мажите и жените ја искажуваат својата љубов еден кон друг на многу поинаков начин.

Многу често, кога мажот е подготвен јавно да ја покаже својата блискост и грижа за вас, тоа значи дека веќе сте посебни за него. Потребно му е повеќе време да размисли за ситуацијата пред да се одлучи, но ако го направи тоа бидете сигурни дека тој навистина има чувства кон вас.

Погледнете кои 9 знаци покажуваат дека тој навистина ве сака:

  1. Забележува и мисли дека сте убава, дури и кога најлошо изгледате. За вистински вљубениот човек, дури и вашите несовршености се привлечни.
  2. Тој секогаш ве слуша внимателно. Кога навистина ве сака, ќе забележите дека не го заборавил она што сте му го кажале и го послушал вашиот совет.
  3. Ако го жртвува неговото сопствено задоволство во името на вашата среќа, тогаш вие сте посебна за него.
  4. Ако тој се расправа со вас, тоа не е затоа што тој сака да се бори, туку затоа што сака да го најде вистинското решение и да добие едногласно мислење за спорот.
  5. Ако постојано се бори за вашата љубов тоа е огромен доказ дека ве сака.
  6. Ве поддржува и се гордее со вас. Тој секогаш е подготвен да ви помогне да ги постигнете вашите цели…
  7. Нема страв да ја покаже својата слабост. Ако тој ве сака, нема да се плаши да покаже страв од вашата загуба.
  8. Го почитува и вреднува вашето семејство и пријатели.
  9. Внимателно забележува што е она што ви се допаѓа во сексот и е максимално подготвен да ви овозможи незаборавни моменти.

Извор: Мисли. мк