Преку Arendoo до Крит- Островот со значајна древна историја

КРИТ e еден од најубавите Грчки острови. Пределите варираат од соголени сртови до бујни планински шуми и рајски песочни плажи. За Крит се поврзани многу Грчки митови, еден од најпознатите е митот за Минос, кралот на Крит кој одбил да жртвува бик на боговите. Посејдон потоа направи да неговата жена се заљуби во бик, од што се створил митскиот звер Минотаур. На Крит се наоѓа пештерата Идеон Андрон, во која – како се верува се родил Зевс. Таму – според легендата, неговата мајка Реа го криела од Неговиот татко Кронос, кој сите други деца ги јадел – со цел никој да не стане негов наследник…

Крит е еден од 13 региони на кои Грција е поделена. Претставува најголемиот остров во Грција и вториот најголем (по Кипар) во источниото Средоземје. Островот има издолжена форма: се протега во должина од 260 километри од исток до запад и е 60 километри на неговата најширока точка, иако островот е потесен на некои места, како на пример регионот блиску до Јерапетра, каде што е широк само 12 километри. Крит зафаќа површина од 8.336 км2, со брегова линија од 1046 км ; на север излегува на Критското Море, на југ на Либиското Море, на запад на Миртојското Море, и на исток на Карпатиското Море. Лежи приближно на 160 километри јужно од грчкото копно.

Крит е многу планински остров, и неговиот релјеф е обележан од високиот планински венец кој се протека од запан кон исток, формиран од три различни групи на планини.
На Крит има бројни реки меѓу кои и Река Јеропотамос во јужниот дел на островот.

Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Критскиот грчки останал говорен јазик, и критското вино е традиционален пијалак. Островот е познат по критската музика, и постојат многу уникатни танци кои се играат само на островт, од кои најпознат е Пендозали.

Ако ова лето вашиот избор е грчкиот остров Крит, илјадници вили, соби и апартмани можете да најдете на платформата Arendoo , oфицијалната facebook страна на Arendoo.mk или facebook групата Ајде да патуваме! Туристички понуди за хотели, мотели, апартмани, соби…

Крит е една од најпопуларните одредишта во Грција, петнаесет проценти од сите пристигнувања во Грција се преку градот Ираклион (пристаниште и аеродром). Денес, туристичката инфраструктура на островот ги задоволува сите вкусови, вклучувајќи многу широк спектар на објекти за сместување. Гостите стигнуваат до островот преку двата меѓународни аеродроми во Ираклион и Хања, или со брод преку главните пристаништа во Ираклион, Хања, Ретимно и Агиос Николаос.