145 санкции за брзо возење на територијата на државата

Во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи. Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 47 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Текстот 145 санкции за брзо возење на територијата на државата е превземен од МАКФАКС.