173 сообраќајни санкции во Скопје, 78 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Текстот 173 сообраќајни санкции во Скопје, 78 за брзо возење е превземен од МАКФАКС.