20-годишно момче во Германија се обидело да купи бомба преку Интернет и било уапсено

Германските медиуми објавија дека полицијата во северниот град Хамбург уапсила осомничен исламски екстремист.

Тој планирал да изврши терористички напад во текот на летото.

Хамбуршкиот неделник „Шпигел“ објави дека 20-годишен германско-марокански државјанин бил приведен во август, откако се обидел да купи оружје и рачна граната преку Интернет, пренесуваат агенциите.

Полицијата веднаш не ги потврдила деталите од пријавата, од таму само кажале дека апсењето е извршено поради кршење на законот за контрола на огненото оружје.

„Шпигел“ објавил дека полицијата кај мажот пронашла хемикалии што можеле да се користат за правење експлозиви.

Текстот 20-годишно момче во Германија се обидело да купи бомба преку Интернет и било уапсено е превземен од МАКФАКС.