22 санкции за неисправни возила за јавен превоз во Тетово и Гостивар

Полицијата изрече 22 санкции за неисправни возила за јавен превоз на територија на СВР Тетово.

Според информациите на МВР, вчера на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

При контролата, откриени и санционирани се вкупно 22 неисправни возила.

Најголемиот број од нив (12) имале неисправни сопирачки, кај две возила била констатирана неисправност на уредите за управување, а кај три возила неисправност на други уреди.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци.

Текстот 22 санкции за неисправни возила за јавен превоз во Тетово и Гостивар е превземен од МАКФАКС.