300 антитела штитат од делта-сојот на коронавирус, тврди пронаоѓачот на „спутник В“

Директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинзбург вели дека истражувањето на тој институт покажало дека се потребни 300 антитела за целосна заштита од делта-сојот на коронавирусот.

Гинзбург, како што пренесуваат руските агенции изјавил дека ако некое лице има 500 антитела или повеќе, тоа би било идеално за заштита од Ковид-19.

Објаснил дека со тестот биле опфатени 4.000 московјани.

Воедно, директорот на „Гамалеја“ оценува дека коронавирусот може да се победи за неколку месеци доколку драстично се зголеми бројот на вакцинирани на дневна основа.

„Рестриктивните мерки без вакцинација се практично бескорисни. Тие мора да се комбинираат со драстично зголемување на бројот на вакцинирани“, вели тој.

Текстот 300 антитела штитат од делта-сојот на коронавирус, тврди пронаоѓачот на „спутник В“ е превземен од МАКФАКС.