31 годишен жител на делчево физички го нападнал својот брат иако имал судска забрана да се доближува до семејството

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против А.С.(31) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.

На 28.08.2021 пријавениот не ја почитувал судската одлука со изречена мерка за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство во траење од шест месеци и под дејство на алкохол се упатил во семејната куќа кај неговите родители и физички го нападнал неговиот брат.

Извор: makpress.mk