45 возачи казнети за брзо возење на територија на Велес

Денеска полициски службеници од СВР Велес спроведоа акциска контрола на подрачјето на Велес за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишана, при што биле преземени вкупно 45 казни, од кои 7 возачи ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а 38 надвор од населено место. Притоа, 3 возила биле санкционирани за движење со брзина поголема од 50 километри на час над дозволеното.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од таму и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Текстот 45 возачи казнети за брзо возење на територија на Велес е превземен од МАКФАКС.