86 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.11.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 86 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 10 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол, четири за непрописно престигнување и обиколување.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Текстот 86 санкционирани возачи во Скопје е превземен од МАКФАКС.