Адвокатот го повлекува Марадона од ФИФА 22

Адвокатот на починатата аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Марадона, продолжува на свој начин да го „штити“ името на Диего, откако наредил неговата картичка од видеоиграта ФИФА 22 да биде повлечена итно.

Марадона, кој почина лани на 60-годишна возраст од срцев напад, има три „иконски“ картички на ФИФА 22, со три верзии од периодите во неговата кариера, но сега компанијата „Сатвика“ на адвокатот Матијас Морла, побарал да се повлече поради тоа што не дал дозвола.

Компанијата „ЕА спортс“ имала договор со поранешниот менаџер на Марадона, Стефано Чечи, но Морла вели дека во 2015 година легално ги добил сите права на ликот на незаменливиот Марадона. Тој неодамна влезе во отворена „војна“ со ќерките на Марадона, обвинувајќи ги дека го оставиле нивниот татко да умре сам, додека ќерките се спротивставија јавно на таканаречениот „Марадона куп“, кој ќе се организира во Саудиска Арабија со меч помеѓу Барселона и Бока јуниорс.

Ќерките на Марадона против мечот Барселона-Бока во негова чест

Адвокатот на Марадона: Покрај толку пари, умре сам и напуштен, во празна куќа!

Текстот Адвокатот го повлекува Марадона од ФИФА 22 е превземен од МАКФАКС.