Адвокатот на Ѓоковиќ: Исплашени се од противниците на вакцинацијата, поради тоа му ја поништија визата

Новак Ѓоковиќ ќе се појави пред Сојузниот суд, во сабота 15 минути по полноќ по средно-европско време. Сослушувањето и судењето во недела, ќе го води судијата Џон О’Калахан.

Пред да се појави во Сојузниот суд, најдобриот светски тенисер, со своите адвокати, од 22.15 часот по средно-европско време, ќе има разговор во министерството за имиграција.

По завршувањето на сослушувањето кај судијата Ентони Кели, откако министерот Алекс Хок го искористи своето право и му ја укина визата на Ѓоковиќ, се огласи адвокатот на тенисерот, Николас Вуд. Адвокатот тврди дека одлуката на министерот е во спротивна на доказите кои ги приложила граничната полиција.

„Рече дека Ѓоковиќ може да ги зарази другите лица поради тоа што не е вакциниран. Господинот Ѓоковиќ има медицинска причина поради што не се вакцинира и тој ги почитува законите“, рекол Вуд.

Смета дека со својата одлука, министерот сакал да им испрати порака на жителите на Австралија кои се противат на вакцинацијата.

„Стравува дека може да има потенцијалното возбудување во заедницата која се противи на вакцинацијата“.

Текстот Адвокатот на Ѓоковиќ: Исплашени се од противниците на вакцинацијата, поради тоа му ја поништија визата е превземен од МАКФАКС.