Агуеро има срцева аритмија

Барселона ги објави резултатите од тестовите кои му беа направени на Серхио Агуеро. Аргентинецот, синоќа против Алавес, тешко дишеше поради што го напушти теренот во 41.минута. Агуеро ноќта ја мина во болница.

Резултатите од денешните прегледи покажале дека Агуеро има срцева аритмија.

Клубот соопшти дека Агуеро се чувствува добро и дека ја разбира ситуацијата во која се наоѓа.

Агуеро ќе отсуствува од тимот во наредниот период.

Аргентинецот, во летниот преоден рок, по десет години го напушти Манчестер сити и како слободен играч се пресели во Барселона.

Долго време имаше проблем со повредата на мускулот. Пред две недели тој дебитираше за Барселона.

Текстот Агуеро има срцева аритмија е превземен од МАКФАКС.