Агуеро не можеше да дише, загрижувачки сцени на „Ноу Камп“

Серхио Агуеро мораше да го напушти теренот по само 40 минути игра против Алавес на „Ноу Камп“, ставајќи крај на својот втор старт во Ла лига по трансферот во Барселона.

Аргентинецот, кој беше отсутен првите два месеци од сезоната поради повреда на ногата, дебитираше за клубот во средината на октомври против Валенсија. По еден дуел со играч на Алавес, популарниот Кун се пожали дека не може да дише, а по интервенцијата на медицинскиот тим, беше заменет со Филипе Кутињо.

Watching the Barcelona match and Aguero had to go off after clutching his chest and laying on the floor having breathing problems. Very bizzare to watch. Hope he is ok pic.twitter.com/uWibeV5VQG

— Mark Sims (@simsy1977) October 30, 2021

Текстот Агуеро не можеше да дише, загрижувачки сцени на „Ноу Камп“ е превземен од МАКФАКС.