Ахмети: Сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција,  Али Ахмети,  смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен од моделот со една изборна единица. Според Ахмети, за промена на изборниот законик и изборните единици потребен е поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата, а прашањето треба да се постави на расправа во Собранието.

Ова го истакнал првиот човек на ДУИ, на средбата што денеска ја остварил со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија.

Како што информираа од албанската владејчака партија, двајцата разговарале и за  спорот со Бугарија, како и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите.

Ахмети и Гарсија заклучиле дека изборите не се решение во моментов, бидејќи земјата оди напред и дека интеграцискиот процес не треба да биде блокиран и решавањето на сите спорови со соседните земји е позитивно за Република Северна Македонија во приклучувањето кон големото европско семејството.

За време на разговорот, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акциониот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

 

Текстот Ахмети: Сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен е превземен од МАКФАКС.