Ајнтрахт собра цел плен со гол во 94. минута

Се подготвуваше необичен ден во германската Бундеслига. Денеска на програмата беа три средби и до 94-тата минута на последниот дуел резултатот беше 1-1.

Малку недостасуваше сите три да завршат со поделба на бодовите, но да не се случи тоа се погрижи Ајнтрахт Франфурт кој со погодок во 94 минута на Рафаел Боре победи кај Гројтер Фурт со 2-1.

Претходно на овој дуел гостите имаа водство од 75 минута со голот на Роде, а домашните се понадеваа дека спасија бод откако Итен во 92 минута погоди тогаш за 1-1.

Претходно, попладнево во Берлин екипата на Херта ремизираше 1-1 со Баер Леверкузен.

Тимот на Келн на домашен терен освои само бод против Унион Берлин, беше 2-2.

Текстот Ајнтрахт собра цел плен со гол во 94. минута е превземен од МАКФАКС.