Албанската опозиција бара итно вакцинирање на попишувачите

Албанската опозиција предупредува дека без вакцинирање на попишувачи не може наесен да се спроведе пописот. Алијасната на Албанците повикува власта во наредниот месец приоритетно да ги вакцинираат попишувачите.

„Оптималната цел за оваа активност е 60-70 отсто од населението да ја примат втората доза до септември, бидејќи постојат индикации за четврт бран што за нас може да биде катастрофален. Доколку оние што треба да го направат пописот не бидат вакцинирани во рок од еден месец, тие нема да бидат подготвени да го спроведат пописот на населението“, предупредуваат од АА- Алтернатива.

Државниот завод за статистика соопшти дека конкурсот за попишувачи ќе се повтори во втората половина на јули зато што старите конкурси се поништени. Тие се сомневаат дека ќе има време за вакцинирање на попишувачите.

Извор: Zoom. mk