Амбасадата на САД во Бугарија: Не сме го покренувале прашањето за „македонско малцинство“ во Бугарија

//

САД ги поддржуваат напорите на владите на РС Македонија и Бугарија да работат заедно со ЕУ за разрешување на отворените прашања. Тоа се вели во писмен одговор на амбасадата на САД во Бугарија до бугарската национална телевизија БНТ. Повод за одговорот е материјал со заменик државниот секретар на САД за Западен Балкан на Гласот на Америка, во кој што се тврди дека амбасадата на САД во Софија и бугарската влада работат за адресирање на прашањата на „македонското малцинство“ во Бугарија.

Од амбасадата појаснуваат дека поради интервјуто се појавиле погрешни сфаќања во однос на политиката на САД во регионот.
„Владата на САД ги нема покренато спомнатите малцински прашања пред бугарската Влада. Нашите дискусии со бугарската Влада се фокусирани врз нашата заедничка визија за посилна и понапредна Европа, преку интеграција на сите нејзини делови вклучително и зeмјите од Западен Балкан“, стои во писмото на американската амбасада во Бугарија.