Ана Винтур го прослави својот 72. роденден

Ана Винтур се смета за божица на модниот свет, па понекогаш е лесно да се заборави дека шефицата на „Вог“ е всушност обичен смртник.

Британско-американската новинарка, која работи како главен уредник на американски „Вог“ уште од 1988 година, во средата наполни 72 години.

Винтур без сомнение е најмоќната и највлијателна жена во светот на модата, па не е ни чудо што многу дизајнери често ги менуваат своите колекции во последен момент доколку таа смета дека не се добри.

Славната уредничка на магазинот кој важи за модна библија успеа да го промени модниот свет на многу начини, и веќе 33 години е личност што ја одбележува модната индустрија.

Таа е позната по ладниот став, темните очила за сонце кои ги носи во сите прилики, богатите крзна и високите потпетици, особено сандалите на Маноло Бланик. Изгради своја империја која вреди повеќе од сто милијарди долари. Се смета за најмоќната жена во светот на модата, а нејзиниот брутално искрен и суров став се чини дека совршено ѝ одговара на комплетниот имиџ.

Медиумите често пренсеуваат некои од советите на најстрогата модна критичарка.

„Во вашиот плакар не треба да преовладуваат парчиња облека кои моментално се ‘ин’. Секогаш најмногу простор оставајте за класичната облека“.

„Јас преферирам елегантни но дискретни парчиња облека, без впечатливи логоа на брендови што го одвлекуваат вниманието од она што е важно – кројот, дезенот и бојата – и најважно од сè – како ви стои.“

Таа препорачува да останете верни на облеката и обувките кои добро ви прилегаат. „Изберете облека која ѝ одговара на вашата фигура. Некои парчиња се одлична идеја ако сте високи како Карли Клос, но не се сите идеално градени. Треба да го извлечете најдоброто од облеката што ја купувате,“ вели таа.

Текстот Ана Винтур го прослави својот 72. роденден е превземен од МАКФАКС.