Анчелоти безмилосен: Азар може да си оди ако сака

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти очигледно не смета на Еден Азар, откако изјави дека тој е слободен да си замине од тимот ако го посакува тоа.

Белгискиот ветеран имаше катастрофални две и пол години на „Сантијаго Бернабеу“ по скапиот трансфер од Челси, страдајќи од повреди и од слаба форма, и откако неодамна Анчелоти призна дека има фудбалери кои повеќе ги преферира од него, сега додава дека нема да го заддржува фудбалерот доколку тој сака да си замине веќе во јануари.

„Никогаш во кариерата не сум приморал фудбалер да остане ако сакал да замине. Според мое мислење тоа нема смисла и никогаш не било под сомнеж“, вели Анчелоти.

Од друга страна, Анчелоти има бесконечна доверба во Винисиус Жуниор, и потврди дека нема да го „штеди“.

„Не верувам дека го туркам премногу вини. Тој е добар, млад е и се опоравува побргу од другите. Ако има проблем или пад на формата ќе го одморам, но сега сум пресреќен од неговата форма“, додава Италијанецот.

Текстот Анчелоти безмилосен: Азар може да си оди ако сака е превземен од МАКФАКС.