Анчелоти отпишал четворица од Реал

Реал Мадрид ќе остане без четворица фудбалери во зимскиот преоден рок. Според шпанските медиуми тоа се играчи кои не се задоволни од статусот што го имаат кај Карло Анчелоти.

Прв на оваа листа е Еден Азар, втор Лука Јовиќ. За нив двајца Реал потроши 160 милиони евра во 2019 година, за возврат не доби ништо.

Клубот би требало да го напуштат и Иско, односно Хесус Ваљехо, кој 18 месеци беше на позајмица во Гранада.

Голема е веројатноста по нивните стапки да тргне и Дани Себаљос. Тој се врати од Арсенал, но во досегашниот тек од сезоната не доби ниту една минута на теренот од Карло Анчелоти. За Себаљос серизно бил заинтересиран тренетот на Рома, Жозе Мурињо.

Текстот Анчелоти отпишал четворица од Реал е превземен од МАКФАКС.