Ангел Димитров: Северна Македонија не ја прифаќа општата историја, го доведува во прашање договорот

Кога не сакаш да прифатиш основна формулација на самиот Договор за пријателство и добрососедство, односно дека има заедничка историја, тоа значи дека се сомневаш во примената на тој договор. Ова го изјави претседателот на бугарскиот тим од заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија, Ангел Димитров, пренесува бугарскиот медум „Бгнес“.

„За да може договорот да живее, мора да се преземат чекори во сите области на интеракција. Нашата комисија е само една од нив. За жал, како граѓанин го кажувам ова, а не како човек кој е директно вклучен во други области, дека нема напредок“, додал Димитров.

Резултатите од денешната средба ги оценил со нула, пишува „Бгнес“.

„Успеавме речиси да го комплетираме записникот од 12-та средба, која беше на почетокот на годината. Ова е исто така симболично. Резултатот е нула. Резултати нема“, кажал Димитров.

Информирал дека за февруари 2022 година е закажана 17-та седница на комисијата. Според него во 2022 година се закажани вкупно 5 состаноци.

„Денешната средба ја одбележа она што се случи на 8-ми декември. Тогаш слушнавме дека Свети Климент ја создал македонската духовност. Уште во 2018 година донесовме неколку препораки, меѓу кои и за Светите браќа Кирил и Методиј. Велат дека нивната работа се развила во Бугарија. Истото важи и за делото на Свети Климент. Ова се дел од малкуте завршени резултати. За нив знае политичкиот врв на Северна Македонија. На 8-ми декември се вратија на старото толкување. Во овој контекст се случи и нашата неплодна средба. Разговаравме за цар Самуил и повторно разговорите не вродија со плод. Заглавени сме во 10-11 век. Се плашам дека и следната година ќе биде тешка работата“, изјавил Димитров за бугарската агенција.

Текстот Ангел Димитров: Северна Македонија не ја прифаќа општата историја, го доведува во прашање договорот е превземен од МАКФАКС.