Англичаните во 92. минута примија гол за реми кај Полска, Италијанците ја „начекаа“ Литванија

Финалистот од ЕУРО 2020, Англија не успеа да го заддржи „стоотстотниот“ учинок во квалификациите за Светското првенство во 2022, откако во 92. минута во Варшава прими гол за 1:1 реми со Полска. Италија немаше ваков проблем, победувајќи ја Литванија со 5:0 на „Мапеи“, а до гостински победи стигнаа фаворитите Белгија (1:0 кај Белорусија) и Шпанија (0:2 кај Косово).

Хери Кејн им донесе водство на „трите лава“ во 72. минута и кога изгледаше дека тимот на Герет Саутгејт ја има својата шеста победа во шест квалификациски мечеви, Роберт Левандовски имаше одлична асистенција до Дамјан Шимански, кој донесе поен за Полска во борбата за второто место во групата.

Италија пак, во првите половина час игра успеа да ја декласира Литванија – Моисе Кин запиша два гола, Литванците си дадоа еден автогол, а и Џовани Распадори стрелаше. Џовани ди Лоренцо во 57. минута ги постави конечните 5:0 за да продолжи победничката низа на „аѕурите“.

КАТАР 2022, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Б

Косово – Шпанија 0:2

Грција – Шведска 2:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1758-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц

Италија – Летонија 5:0

Северна Ирска – Швајцарија 0:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1759-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Е

Велс – Естонија 0:0

Белорусија – Белгија 0:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1761-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА И

Полска – Англија 1:1

Албанија – Сан Марино 5:0

Унгарија – Андора 2:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-7255-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПОЛСКА – АНГЛИЈА

El centro/pase-gol pinchadito de Lewandowski es una delicia que Damian Szymanski no dejó pasar. Empata Polonia a los 91. pic.twitter.com/ZAUKMx636B

— Fútbol Vertical (@futbol_vertical) September 8, 2021

ИТАЛИЈА – ЛИТВАНИЈА

КОСОВО – ШПАНИЈА

БЕЛОРУСИЈА – БЕЛГИЈА

УНГАРИЈА – АНДОРА

ГРЦИЈА – ШВЕДСКА

Текстот Англичаните во 92. минута примија гол за реми кај Полска, Италијанците ја „начекаа“ Литванија е превземен од МАКФАКС.