Араухо ја спаси Барса од срамен пораз од Гранада

Гранада беше на чекор од славен триумф на „Ноу Камп“, пред Роналд Араухо во 90. минута да ја спаси Барселона од срамен пораз во понеделничкиот натпревар во Ла лига.

Само што почна мечот пред 20-тина илјади гледачи во каталонската престолнина, уште во 85. секунда по едно одлично нафрлање на Ескудеро, Португалецот Доминго Дуарте го „излажа“ Френки де Јонг за шок на домашната публика. Барселона, потоа, нормално тргна во напад, но патот до голот на новиот прволигаш не се наоѓаше лесно, пред Араухо во 90. минута да извади поен.

Овој резултат ќе го зголеми притисокот на тренерот Роналд Куман, кој и така не е во најдобри односи со претседателот Жоан Лапорта, а може да биде и најава за сезоната на Барселона, која поради финансиската криза мораше да го пушти Лео Меси да замине.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Goal Granada

Fc Barcelona 0-1 Granada

Watch the game live https://t.co/CDFaARsZBC pic.twitter.com/2J9hVebYlP

— watch all SERIE A games (@Josemourinhon) September 20, 2021

El gol de Ronald Araujo.#Barcelona 1-1 #Granada #LaLiga 🇪🇦https://t.co/bvxxpg4EOu

— Bauti (@Bau_Nickk) September 20, 2021

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Араухо ја спаси Барса од срамен пораз од Гранада е превземен од МАКФАКС.