Археолозите пронајдоа урнатини на антички храм во Италија

Археолозите во јужна Италија откриле урнатини на храм стар 2.500 години, како и артефакти од голема поморска битка кои биле чувани на тоа место. Храмот бил посветен на Атина, божицата на мудроста, а бил откриен во археолошкиот парк Паестум, јужно од градот Салерно, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Структурата, која веројатно била долга 18 метри и широка 7 метри, дава увид во најстарата фаза на Паестум, некогашен голем грчки град основан од имигранти од Мала Азија, се вели во соопштението.

Мошти од поморска битка за која се верува дека се случила 500 години пред Христа

Мошти од поморската битка, за која се верува дека се случила помеѓу 540 и 535 години п.н.е, беа лоцирани во внатрешноста на храмот, изјави Масимо Осана, генерален директор на италијанските музеи.

Меѓу наодите имало и два шлема. Според Осана, лабораториското испитување треба да открие дали има скриени натписи кои би можеле да дадат информации за идентитетот на војниците кои ги носеле. Истражувачите шпекулираат дека храмот бил изграден по поморска битка, за која античкиот грчки историчар Херодот напиша дека се случила на источниот брег на медитеранскиот остров Корзика.

Италијанскиот министер за култура го изрази својот ентузијазам за откритијата.

„Важно е да продолжиме со доверба да продолжиме да инвестираме во археолошки истражувања, кои никогаш не престануваат да враќаат важни делови од медитеранската историја“, рече Дарио Франческини.

Текстот Археолозите пронајдоа урнатини на антички храм во Италија е превземен од МАКФАКС.