Атлетик ја елиминираше Барса во Кралскиот куп по драмата на „Сан Мамес“

Барселона, по практично загубените шанси да ја брка титулата во Ла лига и елиминацијата од Лигата на шампионите, нема да има можност да ја брка ниту титулата од Копа дел реј, откако во драматична завршница по продолженија загубија со 3:2 од Атлетик Билбао во четврт-финалето.

Домаќините дојдоа во водство по само две минути игра кога Икер Мунаин по една брз контранапад на Нико Вилијамс постигна прекрасен гол за совршен старт на „Сан Мамес“. Одговорот на Барса пристигна во 20. минута, кога најновото засилување на Каталонците, Феран Торес постигна исто толку убав гол, својот прв во дресот на „Блауграна“.

По повеќе шанси на двете страни, во 85. минута, кога по еден слободен удар и мешаница пред голот на Тер Штеген, Ињиго Мартинез ја смести топката во мрежата за делириум на трибините. Кога се мислеше дека Атлетик ја има победата, во 93. минута по една акробатска реакција на ветеранот Дани Алвеш, Педри постигна убав гол за 2:2 и за продолженија.

Во продолженијата, Атлетик добија пенал во 105. минута, кога Жорди Алба играше со рака во шестнаесетникот, а Муниан прецизно го реализираше ударот од белата точка.

Muniain’s penalty goal. 💔
pic.twitter.com/KCVqYwPAja

— BARÇA WORLD (@BarcaWorld99) January 20, 2022

Текстот Атлетик ја елиминираше Барса во Кралскиот куп по драмата на „Сан Мамес“ е превземен од МАКФАКС.