„Ауди“ со швајцарски таблички удрило во полицајци кај Неготино

Синоќа, околу 25 минути по полноќ кај клучката Тремник во близина на Неготино, автомобил „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки удрил во двајца полициски службеници.

Како што информираат од МВР, полицајците се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранти.

Меѓутоа, истото не застанало на даден знак и удрило во службениците.

Тие се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот „Ауди“ со швајцарски таблички удрило во полицајци кај Неготино е превземен од МАКФАКС.