Aventure Peugeot во салонот Epoqu’auto во Лион

Aventure PEUGEOT ќе учествува на 42то издание на Epoqu’Auto во Lyon од 5ти до 7ми Ноември 2021. Овој настан е посветен на сите винтиџ ентуазијасти и љубители на олд тајмери.

За 211-от роденден на Брендот Peugeot, на овој настан Aventure PEUGEOT има можност да прослави две годишнини:

130 ГОДИНИ ОД PEUGEOT TYPE 3

Ова беше „првиот автомобил испорачан во Франција на приватно лице. На 2 октомври 1891 година PEUGEOT го предаде првиот патнички автомобил на приватно лице: г-дин Пупардин, жител на Дорнах, кој го нарачал својот автомобил на 27 август истата година. Тоа беше автомобил со 4 седишта со мотор од 2 КС (Daimler).

По пробното возење во 1889 година со возило на пареа, Арманд Пежо го произведе својот прв автомобил на бензин во 1890 година, познат како Тип 2.

Во 1891 година, за да го претстави својот нов модел, Vis-à-Vis Type 3 со 4 седишта, тој имал идеја да ја следи велосипедската трка Париз-Брест-Париз, со цел да оствари поголем интерес за време на настанот. Од Валентиње до Париз и Брест и назад, возилото поминало 2.045 km со просечна брзина од 14,7 km/h и илјадници Французи првпат го погледнале автомобилот.

Овој модел е произведен од 1891 до 1894 година во 64 примероци. Технички карактеристики: V2 мотор од 565 cm3, моќност 2 КС, 4-брзински менувач.

Од 1891 година, речиси 75 милиони возила се испорачани во 160 земји.

80 ГОДИНИ ОД PEUGEOT LCV (Градско Возило од лесна категорија)

За време на Втората светска војна, рационалното трошење на бензинот ги поттикна производителите да бараат алтернативни извори на енергија. Peugeot беше единствениот голем производител кој се интересираше за овој начин на погон и предизвика изненадување со објавувањето на своето електрично „LCV“ на 1 мај 1941 година. Возилото наменето за урбана употреба се користело поконкретно од поштари или луѓе од медицинската професија. 377 примероци беа произведени помеѓу 1941 и 1943 година.

Технички карактеристики: електричен мотор, 3,3 КС, напојуван од 4 батерии од 12 волти, опсег од 75 до 80km. Максимална брзина: 36 km/h.

Светот многу се промени во овие 211 години, а темпото на промени значително се забрза во последните десет години. Дигитализацијата и ултра-поврзувањето го отворија патот кон нови начини на размислување, нови типови на потрошувачка и нови видови на мобилност. Со својата веќе високо електрифицирана палета (70% од моделите на PEUGEOT нудат една или повеќе електрифицирани верзии) и новата генерација на поврзана инфозабава лансирана со новиот 308, PEUGEOT и денес е во првите редови на промените во однос на мобилноста.

Љубителите на олд тајмерите ќе можат да ги откријат различните услуги што се нудат со Aventure PEUGEOT: одржување, реставрација, маркетинг на резервни делови и продажба на деривативни производи (минијатури, облека, итн.).

 

(ПР текст)

Текстот Aventure Peugeot во салонот Epoqu’auto во Лион е превземен од МАКФАКС.