Австралијците со карикатура што ги разгневи фановите на Ѓоковиќ

Еминентниот австралиски весник The Age објави карикатура oд светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, која ги разгневи неговите фанови.

Откако министерот за имиграција Алекс Хок вторпат му ја одби визата на тенисерот, по што му се заканува депортација од земјата, илустраторот Мет Голдинг, аферата која е актуелна во светот, ја преточи во карикатура.

‘Advantage, Vaxxers’.#AusOpen #NovakDjokovic @theage pic.twitter.com/jsATkvapfj

— MattGolding Cartoons (@GoldingCartoons) January 14, 2022

На неа се прикажани Ѓоковиќ и Хок со контејнер што гори.

Министерот му ја уништува визата на тенисерот, а од разглас се слуша: „Предност за ваксерите“. Контејнерот, пак, во кој е тенисерот, е означен со парафразирано лого на Австралија опен.

Така, буквата А е составена од два шприца, а О е симболот за коронавирус.

Текстот Австралијците со карикатура што ги разгневи фановите на Ѓоковиќ е превземен од МАКФАКС.