Австрија се отвори по 20 дена строго заклучување, но само за вакцинираните

Австрија денеска се отвори по 20 дена строго заклучување. Сепак, отворањето важи само за оние кои се вакцинирани или оние кои го прележале Ковид-19.

Продавници, фризерници, саеми, фитнес центри, ресторани и хотели, како и спортски објекти ќе се отворат во девет австриски провинции.

За оние кои се вакцинирани или оздравени, полицискиот час се укинува, но останува на сила за лицата кои немаат ковид сертификат или документ дека примиле вакцина. За нив негативен тест ќе биде валиден само за одење на работа, додека другите потреби се уште им се ускратуваат.

Задолжително е носење ФФП2 маски во затворен простор, јавуваат агенциите.

Секоја провинција има можност да воведе построги мерки.

Виена ќе се отвора во две фази – прво продавници, фризерски салони, фитнес центри и саеми, а за една недела и угостители. Илјадници луѓе вчера протестираа против одлуката за задолжителната вакцина за постарите од 14 години од 1 февруари.

Текстот Австрија се отвори по 20 дена строго заклучување, но само за вакцинираните е превземен од МАКФАКС.