Австрискиот парламент ја одобри евтаназијата

Австрискиот парламент донесе одлука со која се овозможува евтаназија за тешко болните лица.

Според новиот закон, кој е донесен врз основа на препораките на Уставниот суд, останува забрането убиството на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање.

Така, на тешко или неизлечиво болните лица, кои се полнолетни и способни да одлучуваат, им се дава можност да побараат помош за окончување на нивниот живот.

Предуслов за добивање на таа помош е тој што сака да умре да биде целосно информиран од докторите за карактерот на болеста.

Дополнително, мора да биде потврдено, од страна на друг лекар, дека лицето е целосно свесно во тој момент и способно да донесува одлуки.

Текстот Австрискиот парламент ја одобри евтаназијата е превземен од МАКФАКС.