Баерн го растури Келн, Левандовски постигна три гола

Баерн Минхен, славеа убедлива победа во Келн (4:0) и ја вратија предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд. Поладнево, покрај Баерн победи забележаа Мајнц, Унион Берлин и Лајпциг, додека Волфсбург и Херта одиграа натпревар без голови.

Баерн, со хет-трикот на Роберт Левандовски, без проблеми го мина гостувањето во Келн. Баварците два гола постигнаа во првото, два во второто полувреме.

Левандовски ја отвори серијата, за 2:0 погоди Толисо, а потоа Полјакот во второто полувреме го комплетираше хет-трикот. Левандовски со овие три гола дојде до бројката од 300 гола во Бундес лигата.

Асистент за првите два гола беше Милер, а за третиот и четвртиот, Сане.

Баерн сега има 46 бода, шест повеќе од Борусија Дортмунд, која вчера со 5:1 го победи Фрајбург.

Резултати: Келн-Баррн 0:4, Штутгарт-Лајпциг 0:2, Унион Берлин-Хофенхајм 2:1, Мајнц-Бохум 1:0, Волфсбург-Херта 0:0.



Текстот Баерн го растури Келн, Левандовски постигна три гола е превземен од МАКФАКС.