Баерн не се заинтересирани за Халанд, Гвардиола не сака да зборува на таа тема

Менаџерот на Ерлинг Халанд, Мино Рајола, во едно интервју открил дека Баерн, Манчестер сити, Барселона и Јувентус се борат за потписот на неговиот клиент. Според пресметките, пакетот за Халанд кошта околу 300.000.000 евра.

На оваа изјава на Рајола, прв реагираше претседателот на Баерн, Оливер Кан.

Тој тврди дека Баерн приоритет за клубот е да го продолжи договорот со Роберт Левандовски, а не да се вклучи во трката за потписот на младиот Норвежанец.

Прашање поврзано со Халанд, на прес конференција добил и менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Халанд? Следно прашање. Немојте да ми поставувате такви прашања, бидејќи нема да добиете одговор“, им порачал на новинарите менаџерот на „граѓаните“.

Текстот Баерн не се заинтересирани за Халанд, Гвардиола не сака да зборува на таа тема е превземен од МАКФАКС.